Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува дека забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември.За непочитување е предвидена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.Министерството апелира до граѓаните да бидат особено внимателни за спречување на пожари на отворени простори.„Од суштинско значење е јавното мислење да ги разбере ризиците и последиците од пожарите на отворени простори и, преку своето однесување, да придонесе за заштита и зачувување на шумите, а со тоа и на животната средина, имотот и заедниците како целина“, велат од Министерството.Тие нагласуваат дека ризикот од пожари на отворени простори не се намалил во наредниот период и дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи поради високите температури, ризикот од пожари на отворени простори сè уште останува висок.
Пронајдете не на следниве мрежи:



