Автомобил се удри во група луѓе во Берлин во четврток попладне. На местото на настанот има повредени, меѓу кои и деца.Несреќата се случила во населбата Вединг, на аголот од улиците Зештрасе и Донагестел, околу 13:10 часот. Според првичните информации, автомобил марка БМВ удрил во група деца на возраст од седум до осум години додека свртувал.Според весникот „Билд“, од вкупно 15 деца, три биле повредени и однесени во блиската клиника Вирхов. Нивниот наставник исто така бил сериозно повреден.
In Berlin, an unknown person rammed a group of children with a car — three were injuredThe driver was detained. The teacher who was accompanying the children was hospitalized with serious injuries.It is not yet known whether this was a deliberate ramming (a terrorist attack)… pic.twitter.com/wnv5lP8o4H— NEXTA (@nexta_tv) September 4, 2025
Возачот излегол од несреќата неповреден, а полицијата го привела на местото на настанот.Берлинската полиција потврди за весникот „Берлинер Моргенпост“ дека интервенира на местото на несреќата, но засега не може да даде детали за сторителот или точниот број на повредени. Се претпоставува дека станува збор за несреќа.



