Објавен огласот за избор на тројца кандидати за судија на Европскиот суд за човекови права Кандидатите треба да уживаат висок морален углед, да исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност со минимум 12-годишно искуство во соодветната професија, да бидат помлади од 65 години, да имаат искуство во областа на човековите права.
Меѓу условите е и познавањето на службените јазици на Советот на Европа англиски и француски. Едниот да го владеат активно (ниво Ц) а другиот пасивно (ниво А). Новина е тоа што за познавање на овие странските јазици треба да приложат меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор.
Меѓу документите што треба кандидатите да ги приложат со државјанството, биографијата мотивациското писмо препораките и сертификатот е и потврда дека против нив нема изречено правосилна пресуда, дека не се води кривична постапка и дека со правосилна пресуда не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постари од шест месеци).
Огласот ќе трае 30 дена, а по овок рок, Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права ќе изврши првична селекција.
Само кандидатите кои што ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на интервју.
Новата комисија предводена од претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски а во која членуваат и претседателите на Врховен, Кривичен и Граѓански суд и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, се надева дека сите процедури во земјава и во Советот на Европа ќе завршат пред да заврши мандатот на актуелниот македонски судија во ЕСЧП. Единствено директорката на Акадмеијата Ирина Трајкоска Стрезоски која беше во претходната 9-члена комисија беше номинирана и во новата комсиија.
Владата на 22 јули ја поништи листата со тројца кандидати – судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски со образложение дека не ги исполниле условите но и покрај повикот да кажат кои критериуми не ги исполниле, одговор не добија, а премиерот Мицкоски рече дека вистинската вистина ја кажува владата.
Ристовска откри и дека имала укажувања дека треба да ја повлече кандидатурата. Сериозна загриженост за постпаките на Владата искажаа и невладините од Блупринт групата.


