НЕ прислушување туку, декласификација на овие документи ќе ги потврдат индициите за милионски криминал токму на ВМРО-ДПМНЕ, затоа одлагаат!
Стравот од декласификација ја исплаши власта, ја утнаа процедурата за да има намерно одлагање на седницата на собраниската Комисија за надзор на АНБ, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.
Намерата на власта не е вистината, туку манипулациите, лагите и злоупотребите на институциите.
Власт што не може да организира едно редовно заседание на комисија по закон и по процедура, не може да обезбеди ниту функционален систем на безбедност и заштита на јавниот интерес.
Наместо да се препелка со процедури и одлагања, власта веднаш да ги декласифицира документите за случајот АНБ.
Да види јавноста дали Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал токму на ВМРО-ДПМНЕ?


