– Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара декласификација на документацијата поврзана со прислушувањето, бидејќи, според него, тоа е единствениот начин да се расветли случајот.„Законот јасно наведува дека институцијата одговорна за декласификација на документи, доколку постои сомневање за кривично дело или злоупотреба, е единствената одговорна, имено AНБ. Тоа е Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе бидат декласифицирани или не. Бараме да бидат декласифицирани, за да се види кои луѓе биле следени, кои групи и зошто, за да се види дали имало прекршувања од некого – дали некој треба да биде повикан на одговорност“, рече Филипче во интервју за „Слободен печат“.Според него, една од причините зошто владата се противи на декласификацијата на документацијата е веројатно стравот од откривање, како што рече, информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.Во врска со европскиот интеграциски пат на земјата и реформската агенда, Филипче смета дека е потребно фундаментално враќање на земјата на европскиот пат. Со неспроведувањето реформи, како што рече, граѓаните губат, додека државата губи милиони евра.Се проценува дека ниту еден од потребните закони не е донесен и дека поради неактивноста на Владата, државата изгубила 80 милиони евра европска поддршка – пари што биле наменети за реформи во судството.Филипче нагласува дека веќе работат на Нацрт-резолуцијата која, како што рече, ќе вклучува конкретен механизам за заштита на позициите на државата во случај на непринципиелни барања за време на преговорите.Тој апелираше до јавноста и до сите политички фактори дека ова не е време за калкулации и дека нема простор за чекање.Исто така, изрази разочарување од претседателката Гордана Силјановска Давкова, за која рече дека ја следи партиската линија на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да застане на страната на националниот интерес.Според него, македонскиот јазик, идентитет и култура се веќе заштитени и формализирани преку меѓународни договори, вклучувајќи го и договорот со ФРОНТЕКС.
Пронајдете не на следниве мрежи:



