Европа е полна со бројни метрополи и мали гратчиња кои можат да ви го одземат здивот посебно на есен кога шаренилото и мирисот на дождовите ги исполнуваат улиците и малите сокачиња.
Есента е вистинско време кога можете да уживате во порелаксиран одмор. Прекрасни градини исполнети со дрва на кои се забележуваат боите на есента, патеки, музеи… Изборот е ваш.
Ова се 10 градови на Европа кои се идеални за посета во есен:
Виена, Австрија
Виена е шармантна во текот на целата година, но во есен можете да ги искусите најубавите панорамски прошетки. Овој град е како богатство за откривање.
Банско, Бугарија
Тука имате можност да уживате на планина, обиколени со шуми кои на есен овозможуваат поглед кон неверојатни пејзажи.
Берлин, Германија
Берлин е културно чудо со своите бројни музеи, галерии и историски места за посета, а зошто да не уживате во нив оваа есен?
Рига, Латвија
Рига има уникатна архитектура и бројни фестивали кои можете да ги посетите токму на есен. Имате барем еден цел месец на уживање во музика.
Стокхолм, Шведска
Времето сè уште е доволно пријатно за да се качите на велосипед и да уживате на прошетка во главниот град на Шведска. Тука есента е посебно пријатна.
Копенхаген, Данска
Главниот град на Данска за многумина е еден од најшармантните градови во Европа и одличен за шетање по неговите канали и градините Тиволи.
Будимпешта, Унгарија
Одлично место како за попладневни прошетки, така и за вечерна забава. Појдете до Областа VII и уживајте во топло кафе и убавата архитектура.
Фира, Грција
Ако сè уште сакате да уживате во тиркизните бои на морето, додека околу вас се шират боите и мирисите на есента, островот Санторини и неговото гратче Фира е идеално место за вас.
Осло, Норвешка
Можеби малку посвежа клима, но Осло може да ви понуди неверојатна глетка со фјордовите кои се простираат околу него.
Чешки Крумлов, Чешка
Прага е доста позната меѓу младите, но овој помалку познат град со дворец е навистина неверојатно место за есенска посета.
Пронајдете не на следниве мрежи:


