Најмалку петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Во несреќата учествувале четири моторцикли и четири патнички возила

Најмалку пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Во несреќата учествувале четири моторцикли и четири патнички возила.
„Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток)“,велат од МВР во првичната информација.
Несреќата била пријавена во 15:56 часот попладнево во гостиварската полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: