Ѕвездата на „OnlyFans“, Аела, предизвика реакции откако изјави дека ќе плати 100.000 долари на оној што ќе ѝ најде сопруг, а сега откри и кои се нејзините барања.„Ќе ти платам 100.000 долари за да се ожениш со мене или 300.000 долари за да ми најдеш некој да ми направи дете. Ако ми препорачаш маж и на крајот се ожени за мене, ќе ти платам 100.000 долари“, напиша таа на Substack.Таа се опишува себеси како многу чудна личност. Вели дека не ѝ е тешко да најде партнер, но дека има многу малку мажи со кои би се омажила.Таа сака маж кој практикува полиаморија , но е отворен за „примарен“ партнер. Исто така е пожелно тој да е пансексуалец , што значи дека го привлекуваат луѓе без оглед на полот или родовиот идентитет.Покрај горенаведеното, таа бара партнер кој е добро ситуиран и сака деца.https://t.co/9nn6ETUSGJ pic.twitter.com/k2IFOOtKzo— Onlyfans News (@the_loungeclub) September 5, 2025Таа ги замолува своите следбеници да предложат кандидат за кој претходно не размислувала и да пополнат анкета. Доколку не најде сопруг, сака да најде некој што ќе ѝ плати дури 10 милиони долари за да ѝ роди дете и ќе се согласи да ѝ го даде целосното старателство. За возврат, таа ќе му плати на посредникот 300.000 долари.Таа рече дека ја вознемирува фактот што во 2025 година луѓето очекуваат љубовта да биде магична и спонтана. Убедена е дека нејзиниот начин е вистинскиот кога станува збор за пронаоѓање на вистинска среќа.



