ПИЛЕШКО СО СУСАМ, РАЈ ЗА НЕПЦЕТО: Готово за половина час, а никогаш не сте пробале покрцкаво

Ви треба:

500 г пилешко бело месо2 лажици соја сос1 лажица пченкарен скроб1 белка од јајцемасло2 лажици печени сусам

За сосот:

3 лажици соја сос2 лажици мед1 лажичка сусамово масло2 чешниња лук1 лажичка рендан ѓумбир1 лажица оцет100 мл вода1 лажица пченкарен скроб измешан со малку вода

Подготовка:

Исечете го пилешкото на коцки. Во сад измешајте го соја сосот, белките и пченкарниот скроб, потоа извалкајте го пилешкото во него и оставете го 15 минути. Потоа пржете ги парчињата пилешко во масло додека не добијат златно-кафеава боја. Пржете го лукот и ѓумбирот во малку масло, потоа додадете го соја сосот, медот, оцетот и водата. Откако ќе зоврие, додадете го измешаниот скроб за да се згусне. Додадете го пилешкото во сосот, добро измешајте и наросете со печени семки од сусам.

Пронајдете не на следниве мрежи: