Шест метри под морето: Овие „автомобилски гробишта“ се добри за животната средина

Бетонски автомобили ќе бидат поставени шест метри под површината на морето во близина на брегот на Мајами Бич во Соединетите Американски Држави.

Ова е инсталација од аргентинскиот уметник Леандро Ерлих наречена Concrete Coral, или Бетонски корал, чија главна цел е да обнови дел од системот на гребени во Флорида.

Бетонскиот корал се состои од 22 автомобили во природна големина направени од морски бетон или морски камен – нов одржлив материјал произведен од отпад од школки, што е еколошка алтернатива на традиционалниот бетон.

Автомобилите се излиени од 3D печатени калапи и ќе бидат инсталирани на почетокот на ReefLine – подводен парк со скулптури долг 11 километри покрај плажата Мајами во октомври оваа година.

Скулптурите на Ерлих евоцираат подводни сообраќајни метежи, а воедно обезбедуваат структура за раст на коралите, што ќе го забрза развојот на гребенот.

Бетонскиот корал е само првиот чекор во серијата проекти на ReefLine кои ќе го поддржат биодиверзитетот на областа и ќе го заштитат крајбрежјето на Мајами од ерозија.

Погледнете ја фото галеријата за да видите како изгледа оваа еколошка уметничка инсталација.

Пронајдете не на следниве мрежи: