ВИДЕО Дрисла се уште чади , ветрот ја шета миризбата на сите страни

Вечерва и чадот и миризбата од депонијата Дрисла не запираат. Очигледно е дека цел ден се работи на потрпување на запалените места, но бел чад  и вечерва излегува на другиот крај на депонијата.
видео:

Забележливо е дека вечерва  со полициско обезбедување на патот кон Дрисла во правец на депонијата, се носат големи багери и камиони, кои веројатно уште нокеска ке бидат ставени во функција затоа што наредните денови се очекува невреме и дождови што не погодува за земјени работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: