Доцна синоќа заврши увидот на јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.
Јавниот обвинител при ОЈО Велес Цветанка Богоевска за МИА потврди дека увидот заврши, а телата на убиените се испратени во Институтот за судска медицина во Скопје.
За денеска се очекува ОЈО да објави целосно соопштение за настанот и дека предмети ќе има и во други обвинителства.
Двојно убиство и самоубиство во Велес


