среда, 11 ноември 2026
Најново

Трамп ѝ се закани на Венецуела: Ќе платите огромна цена!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп денес побара од венецуелските власти да ги вратат „затворениците и луѓето од психијатриските установи“ што, како што тврди, владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги испратила во САД.

„Сакаме Венецуела веднаш да ги врати сите затвореници и луѓе од психијатриските установи, вклучувајќи ги и најлошите ментални болници во светот, што венецуелското „раководство“ насилно ги префрлило во САД. Илјадници луѓе се сериозно повредени, па дури и убиени, од овие „чудовишта“, напиша тој на својата платформа „Truth social“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Американскиот претседател рече дека во спротивно Венецуела ќе плати „огромна цена“. „Изведете ги од нашата земја сега, или цената што ќе ја платите ќе биде неизмерна“, рече американскиот претседател.

Поврзани вести