Занаетчиите со силна поддршка за иницијативата за институционална заштита на македонскиот рубин

  Националната комора на занаетчиите на Република Македонија изразила јасна и недвосмислена поддршка за активностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, насочени кон институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот природен рубин во Европа, кој се вади и обработува исклучиво во Прилеп и Мариово.
Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на средбата со Божиновска присуствувале претседателот на Комората, Агрон Фазлији, Соња Вељанова член на надзорниот орган, директорката на Републичката комора, Јелена Спасова, како и долгогодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко.
-Претставниците на Комората оценија дека институционалната заштита што ја иницира министерката ќе внесе „силен ветер во грб“ на македонското занаетчиство. Тие посочија дека уникатни рачно изработени парчиња накит и уметнички дела со македонски рубин ќе ја претставуваат земјата пред светот, како автентичен симбол на нејзиното природно и културно наследство, стои во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: