– Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Соединетите Американски Држави (САД) присуствуваше на приемот организиран од американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп.Сиљановска-Давкова престојува во САД по повод 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.Taa преку американската компанија за социјални медиуми Х изрази благодарност за гостопримството и истакна дека ѝ претставува чест што присуствува на приемот приреден од претседателот на САД и неговата сопруга.„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност“, порача Сиљановска-Давкова.Претседателката додаде дека „САД биле и остануваат искрени сојузници на овој пат“.
Пронајдете не на следниве мрежи:


