недела, 29 ноември 2026
Најново

Јаневска: Ги интензивираме превентивните активности во училиштата за да ги спречиме младите да користат тутун и електронски цигари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во организација на Аналитика Тинк Тенк, денес во Скопје се одржа регионална работилница на тема „Зајакнување на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“.Во дискусијата учествуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која истакна дека образованието е најдобриот механизам за подигање на свеста кај младите за здрави навики и грижа за личното здравје.„Нашиот образовен систем е структуриран така што здравственото знаење е застапено во сите одделенија по редовните предмети, особено по „Природни науки“, а од оваа учебна година воведовме нов изборен предмет во 7-мо одделение „Учење за моето здравје“ и со поддршка на Светската здравствена организација подготвивме водич за наставниците како да го предаваат предметот, кој вклучува и аспекти посветени на здравствените последици од употребата на тутун и електронски цигари“, нагласи Јаневска.Зборувајќи за мерките што се спроведуваат на национално ниво како дел од превентивните политики, министерката нагласи дека оваа година, со законски измени, основните и средните училишта се обврзани, покрај програмите за заштита од насилство, злоупотреба и занемарување на учениците, спречување на дискриминација, малолетничка деликвенција и слично, да спроведуваат и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции.Во новата учебна година, Министерството за образование и БРО, заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал и Меѓународната федерација на Лајонс клубови, ќе обучат 50 стручни соработници и 150 наставници во 50 основни училишта за спроведување на превентивната програма „Вештини за адолесценција“. Станува збор за структурирана програма заснована на докази за превенција од употреба на цигари, дрога и алкохол, која досега успешно се спроведува во 105 земји низ целиот свет, додаде министерот.Таа нагласи дека секогаш има простор за унапредување на здравственото образование во училиштата и дека институциите работат во таа насока.„Образованието е жива материја и се прилагодува на времето и трендовите. Очекувам токму од оваа работилница, различните искуства и практики што ќе бидат споделени, да ни помогнат на сите да ги унапредиме националните политики“, рече Јаневска.

Поврзани вести