Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе пристигне во Скопје следната среда.Агендата уште не се соопштува, но познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државниот врв.Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија.На Фон Дер Лајен денес и претходеше министерката за Европа на Австрија која е во официјална посета на Македонија и најави дека Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираат до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите.Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади.И словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања кој е во посета на Скопје, порача дека процесот на проширување мора да се забрза.
Пронајдете не на следниве мрежи:



