Ќе ви треба:
тенка готова кора3 јаболкацимет100 г сечкани ореви1 ванилин шеќершеќер по вкусмасло
Подготовка:
Изрендајте ги јаболката, додадете цимет, шеќер по вкус, сечкани ореви, ванилин шеќер и добро измешајте сè.
Раширете ја кората, потоа намастете ја, додадете ја втората кора и намастете ја и додадете неколку рендани јаболка.
Превиткајте за една третина по должина, потоа распоредете една лажица јаболка на превитканата страна и превиткајте повторно, премачкајте со масло и замотајте во ролат.
Распоредете во намастен плех и печете на 200 степени Целзиусови 40 минути. По желба, наросете со шеќер во прав.
Пронајдете не на следниве мрежи:


