Најдоброто предјадење за гозбата: Рецептот на баба за вкусна шпанска пита (ВИДЕО)

Ако барате вкусно и едноставно предјадење што ќе го обожаваат сите ваши гости, шпанската пита е вистинскиот избор!

Со состојки што веројатно веќе ги имате дома, оваа пита носи вкусна промена на вашата трпеза!

Состојки:

4 јајца280 г брашнопрашок за пециво100 мл маслиново масло200 мл кисело млеко200 г шунка50 г сува сланина3 кисели краставичкикисели пиперкисол

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете сол, масло, кисело млеко и брашно просеано со прашок за пециво. Додадете ја исечената шунка, сувата сланина, киселите краставички и исечените пиперки и добро измешајте сè.

Намастете плех за печење со масло и посипете со брашно, истурете го тестото и израмнете го.

Вклучете ја рерната на 200 степени C, потоа намалете ја на 180 степени C и печете 50 минути. Оставете да се олади и послужете.

Најдобрата работа кај оваа пита е што останува вкусна со денови.

Пронајдете не на следниве мрежи: