Едночасовни блокади најавуваат семејствата на загинатите во „Пулс“

Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека Пулс најавија дека ќе почнат со едночасовни блокади се додека не започне судскиот процес.
Причината за ваквиот чекор, како што изјавија денеска, се изјавите на некои адвокати на обвинетите дека судскиот процес може да трае од 10 до 15 години.
Блокадите на сообраќајот ќе се одржуваат секој ден во периодот од 15:15 часот до 16:15 часот на кружниот тек кај мостот на улицата „Стево Теодосиевски“
Пожарот во Пулс се случи на 16 март. Загинаа 62 лица, а околу 200 се здобија со повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи: