Очекуваната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Израел во понеделник, 13 октомври, ќе трае околу четири часа и ќе вклучи средби со премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху и семејствата на израелските заложници, а ќе се обрати и во Кнесетот, парламентот на Израел, објави денес телевизијата Канал 12.
Се очекува Трамп да слета во Израел во понеделник наутро и да одлета во 13:00 часот, објави телевизијата, која се повикува на распоредот на неговата посета.
По пристигнувањето на американскиот претседател, на аеродромот Бен Гурион ќе се одржи кратка церемонија пред Трамп да замине за Ерусалим, каде што, е предвидено да одржи говор на пленарната седница на Кнесетот , објави „Тајмс оф Израел“.



