ОО СДСМ Конче со реакција по веста за нападнатиот сограѓанин: Ова е сериозен срам за Општина Конче!

Општинската организација СДСМ Конче, излезе со реакција на социјалните медиуми по веста на Инфомакс, за советникот на ВМРО-ДПМНЕ кој нападнал повозрасен жител на општината.

„Кога советници, кои треба да бидат пример за култура и достоинство, се претвораат во насилници – тоа покажува колку е изгубено чувството за одговорност и морал

Прашање до градоначалникот Златко Ристов:

Дали предизборната кампања не оди како што треба, па затоа вашите советници реагираат со насилство врз граѓаните

Ќе имате ли храброст јавно да се оградите од вакво однесување и да побарате одговорност“ – прашуваат од општинската организација на СДСМ.

Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Конче нападнал повозрасен сограѓанин – Случајот е пријавен во МВР

Пронајдете не на следниве мрежи: