Сообраќајка го блокира експресниот пат Штип – Велес

Попладнево на експресниот пат Штип – Велес се случила сообраќајна несреќа, поради што сообраќајот е целосно во прекин во двата правца.

Според вонредниот извештај на Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), екипите се на терен и работат на расчистување на патот, но засега не се познати повеќе детали за причините и евентуалните повредени лица.

АМСМ препорачува возачите да користат алтернативни патишта и да бидат внимателни при движење на овој дел од патниот правец.

Пронајдете не на следниве мрежи: