сабота, 28 ноември 2026
Најново

Велика Британија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Газа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународна конференција посветена на иднината на Појасот Газа објави премиерот Кир Стармер за време на посетата на Египет.

Стамер присуствува на потпишувањето на мировниот план, соопшти британската Влада.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Стармер ќе ја претстави водечката улога на Британија во следната фаза на мировниот план под покровителство на САД. Конференцијата, која ќе трае неколку дена, ќе биде насочена кон закрепнување и обнова на Газа, како и кон поддршка на реформите на Палестинската самоуправа за олеснување на процесот.

Меѓу учесниците се очекуваат Германија, Италија, Саудиска Арабија, Јордан, Палестинската самоуправа и претставници на меѓународни финансиски институции, како Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Датумот на конференцијата сè уште не е утврден.

Германија претходно најави дека со Египет ќе организира сличен собир. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул нагласи дека на конференцијата мора да присуствуваат Израел и САД, додавајќи дека Германија ќе обезбеди хуманитарна помош и ќе поддржи воспоставување административни структури во Газа.

Поврзани вести