Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да има поголема енергетска криза во Србија.
Вучиќ го изјави ова по средбата со претседателот на Управниот одбор на „Гаспромнефт“ Александар Џуков и заменик-министерот за енергетика на Руската Федерација Павел Сорокин.
Вучиќ ги замоли граѓаните да бидат смирени.
„Само што ги завршивме важните разговори со руската делегација во врска со НИС. Задоволен сум од отвореноста, конструктивноста и искреноста. И двајцата бевме такви“, рече Вучиќ.
Според него, не е лесно време, но нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати и нема да има енергетска криза.
„Нашите руски пријатели ја разбраа нашата порака, ние ги разбравме нивните интереси. Ќе направиме сè во најдобар стратешки и тактички интерес на Србија. Граѓани, бидете мирни, државата е тука да се бори за вашите интереси“, рече претседателот.
Тој не прецизираше ништо поконкретно за средбата.



