сабота, 28 ноември 2026
Најново

Починал пораншен инспектор осомничен за „Пулс“, , бил испратен во притвор поради документ за паркинг, соопшти синдикатот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Независниот синдикат на полицијата соопшти дека починал поранешниот главен инспектор за сообраќајни работи, Владо Петров, кој беше во притвор во рамки на истрагата за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.Според синдикатот, Петров бил пензиониран полицаец кој бил испратен во притвор поради потпишан документ за паркинг-просторот пред дискотеката, каде што настана пожарот во кој животот го загубија 62 лица.„Владо, за жал, не го издржа притисокот за кој вчера зборувавме и не успеа да ја дочека пензијата. Почивај во мир, голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни“, стои во објавата на синдикатот.

Поврзани вести