„Ја објавивме вистината за Кочани кога видовме дека истрагата станува селективна, дека некој се обидува да ја затвори во тесен круг, дека службениците на институциите се заштитени, дека јавноста е оставена без одговори. Потоа излеговме со факти, со документи и со точни информации. И кога се случи ова, Обвинителството мораше да дејствува и истрагата беше проширена“, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот митинг во Кочани.Филипче потсети дека СДСМ секогаш стои на страната на вистината и граѓаните, без оглед на политичката цена, што го покажа со храброст и одговорност во акција. Кога институциите молчеа, а јавноста и родителите бараа одговори во врска со истрагата, СДСМ почна да поставува и јавно да отвора некои прашања.„Ги оставивме институциите да си ја работат својата работа. Но, кога видовме дека болката на родителите почнува да се игнорира, кога видовме дека институциите почнуваат да се затвораат, кога наместо вистината, почнаа да се шират искривени приказни, тогаш го кренавме гласот. СДСМ беше првата партија што јавно постави прашања. Баравме да нема селективност, да нема „заштитени“, сите да бидат одговорни, од прв до последен“, нагласи Филипче.Тој нагласи дека ова не е направено заради политички поени, туку човечка и морална должност, нагласувајќи ја посветеноста на СДСМ на правдата, отчетноста и транспарентноста, особено кога други се обидуваат да ја сокријат вистината од граѓаните
Пронајдете не на следниве мрежи:



