сабота, 28 ноември 2026
Најново

Слободен Печат: Доктор Кузмановски нема лиценца, ама има факсимил од Фондот за здравство до 2028 година!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доктор Игор Кузмановски разрешен од директор на Клиниката за неврологија поради објавено компромитирачко видео на кое се гледа дека меша бела прашкаста материја во домашни услови, а кој својата специјалистичка лиценца за доктор по неврологија не ја обновил откако му истекла на 15 март 2025 година, туку таквото обновување во Лекарската комора го побарал минатата недела, сепак во овој момент има активен специјалистички факсимил од Фондот за здравство валиден до 31.12.2028 година. – објави редакцијата на Слободен печат.

Ова „Слободен печат“ го потврди со увид во шифрарникот на лекари специјалисти објавен на страницата на Фондот за здравство каде печатот на Кузмановски е заведен со број 712680. Ваквата ситуација потврдува дека Фондот за здравство има направено пропуст, односно не контролирал навремено дали лиценцата на докторот е обновена. Во ФЗОМ прашавме како се случил пропустот и очекуваме одговор.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

ИЗВОР: Слободен печат

Поврзани вести