сабота, 28 ноември 2026
Најново

Кривична пријава за жител на Дебар – бесправно изградил објект на државно земјиште крај Дебарското езеро

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Жител на Дебар бесправно изградил објект од 88 метри квадратни на државно земјиште крај Дебарското езеро.

Полицијата поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското езеро, без одобрение за градба  и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 метри квадратни.

Поврзани вести