сабота, 28 ноември 2026
Најново

Јакимовски воведува субвенција за бушење на бунари и обезбедување техничка вода за дворовите и бавчите во индивидуалните домаќинства

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош и актуелен градоначалник, најави воведување субвенција за бушење на бунари и обезбедување техничка вода за дворовите и бавчите во индивидуалните домаќинства

„Во време кога сите зборуваат за рестрикции, ние зборуваме за решенија. Воведуваме нова субвенција за бушење на бунари и обезбедување техничка вода за дворовите и бавчите во индивидуалните домаќинства.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Секое домаќинство што ќе избуши бунар и ќе обезбеди техничка вода ќе добие до 2.000 евра поддршка од Општината. А ако се здружат пет домаќинства — ќе добијат до 5.000 евра.

На овој начин ќе го намалиме притисокот врз водоводниот систем, ќе заштедиме ресурси и ќе обезбедиме долгорочна стабилност. Вака работат домаќини, вака се штеди, вака се планира иднина.

Во исто време, веќе распишавме тендер за 23 нови бунари со кои ќе се обезбедува техничка вода за јавното зеленило низ Карпош. Со ова, во следниот мандат до 70% од нашите паркови и зелени површини ќе имаат сопствен, независен систем за водоснабдување.

Карпош не чека. Карпош размислува, реагира и делува пред сите. Карпош е чекор напред — со разум, со визија и со работа.“ порача Јакимовски

Поврзани вести