Македонската музичка сцена тагува по смртта на Владимир Блажев – Панчо, член на познатото дуо ДНК, кој почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани. Социјалните мрежи се преплавени со пораки на жал, љубов и благодарност за уметникот кој остави силна емоционална и музичка трага.
Песната „Ако утре ме нема“, која Панчо лично ја напиша, денес добива длабока и трогателна симболика. Во своето последно интервју во емисијата „Еден на еден“, тој и Андреј открија дека идејата за песната постоела одамна, но чекале „вистинско време“ да ја објават. Денес, овие зборови одекнуваат како последна порака од еден искрен уметник, чија музика ќе живее вечно.



