сабота, 28 ноември 2026
Најново

Украина воведува ограничувања на електричната енергија во осум региони поради руските напади

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Vero
Украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ денеска соопшти дека воведува рестрикции на електричната енергија во најмалку осум региони поради штетите предизвикани на енергетската инфраструктура од неодамнешните руски напади.

„Поради тешката состојба во енергетскиот систем, предизвикана од нападите, воведени се итни прекини на струја“, се наведува во соопштението на компанијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ограничувањата се однесуваат на региони на северот и североистокот – Суми и Харков, централните Полтава и Дњепропетровск, како и делумно на Кировоград, Черкаси, Запорожје и главниот град Киев. Главниот приватен оператор ДТЕК подоцна соопшти дека прекините во Киев се откажани.

Русија ги засили нападите врз украинската енергетска инфраструктура и железничката мрежа со приближувањето на зимата, предизвикувајќи загриженост дека милиони луѓе би можеле да останат без електрична енергија, како и претходните години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за обид да внесе хаос меѓу населението, при што беа погодени и објекти од гасниот сектор. Од друга страна, Украина со дронови ги напаѓа руските рафинерии и нафтоводи, што доведе до пораст на цената на горивото, а неодамна украинската армија предизвика и прекини на струја во руската погранична област Белгород.

Поврзани вести