Доктор Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија, кој беше експресно разрешен откако беше објавено компромитирачко видео на кое меша бела прашкаста материја – прегледувал пациенти во периодот кога специјалистичката лиценца од Лекарската комора му била истечена, потврдија за „Слободен печат“ од Министерството за здравство. Претходно од Лекарската комора потврдија дека на 15 март годинава на Кузмановски лиценцата му истекла, а нејзино обновување побарал дури минатата недела, половина година после истекот на важноста.
„Веднаш по разрешувањето обезбедени се релевантни податоци од „Мој Термин”. Податоците укажуваат на реализирани прегледи и истите се предмет на понатамошна постапка во рамки на Министерството за здравство“, велат од Министерството за „Слободен печат“.
ИЗВОР: Слободен печат



