Венецијанска комисија: Препорачува измена на Уставот во Република Македонија, со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители, и покрај некои недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики, нови или преземени од важечките закони, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (DGI) на Советот на Европа за двата нацрт-законски текста на Владата на Македонија.Во мислењето се препорачува измена на Уставот, со што би се ограничило правото на повторен избор на јавниот обвинител, и тој да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието.„Со оглед на важноста на овие прашања за автономијата и релативната независност на Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува, во контекст на претстојната уставна реформа, Уставот да се измени и по овие точки“, се наведува во документот.Во однос на Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, мислењето препорачува преиспитување на времетраењето на професионалното искуство на сите несекуларни членови на Советот, како и обезбедување алтернатива на начинот на кој се избираат четирите несекуларни членови, со што се обезбедува избор врз основа на заслугите и интегритетот на кандидатите, како и разновидна застапеност.Венецијанската комисија, исто така, предлага функцијата на обвинителите избрани за членови на Советот на јавни обвинители да биде суспендирана за време на траењето на нивниот мандат во Советот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: