За прв пат во историјата на индексот на пасоши Хенли , листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите 10. САД паднаа на 12-то место, израмнети со Малезија, во најновиот квартален извештај.Листа на најмоќните пасоши во 2025 година:– Сингапур (193 дестинации)– Јужна Кореја (190) – Јапонија (189)– Германија, Италија, Луксембург, Шпанија, Швајцарија (188)– Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Ирска, Холандија (187)– Грција, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска (186)– Австралија, Чешка, Малта, Полска (185)– Хрватска, Естонија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати, Обединето Кралство (184)– Канада (183)– Латвија, Лихтенштајн (182)– Исланд, Литванија (181)– САД, Малезија (180)Македонија е рангирана на 42-ро место со безвизен пристап до 129 земји.Најдобро рангирана земја во регионот е Грција, чиј пасош е на 6-то место со безвизен пристап до 186 земји.Србија е на 36-то место, со безвизен пристап до 137 земји, Албанија е изедначена на 47-мо место со Босна и Херцеговина, со безвизен пристап до 122 дестинации. Бугарскиот пасош е на 14-то место со безвизен пристап до 178 земји. Црна Гора е на 43-то место со безвизен пристап до 128 земји, додека Хрватска и Словенија се изедначени на 8-мо место со безвизен пристап до 184 земји.На дното од листата, на 106-то место, Авганистан останува најслабиот пасош со безвизен пристап до само 24 дестинации, две помалку отколку на почетокот на годината. Сирија е на 105-то место (26 дестинации), а Ирак е на 104-то место (29 дестинации). Јазот во мобилноста помеѓу најдобрите и најлошите пасоши е 169 дестинации.Што го прави пасошот „моќен“? Еден јасен показател е отвореноста за патување – можноста за влегување во дестинации низ целиот свет едноставно со покажување на пасошот, без потреба од виза.Индексот на пасоши „Хенли“ е еден од неколкуте што ја мерат „моќта“ на пасошот, и за прв пат во својата 20-годишна историја, американскиот пасош испадна од првите десет. Три азиски пасоши сега го држат првото место: Сингапур со пристап без виза до 193 дестинации, Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации и Јапонија со 189 дестинации.
Пронајдете не на следниве мрежи:



