Најавата што ја крена Русија на нозе: Еве што ќе се случи со Москва во наредните месеци

Метеоролошката зима во Москва ќе започне во втората половина на ноември, а трајна снежна покривка ќе се формира на почетокот на декемвриОва го изјави за РИА Новости Евгениј Тишковец, водечкиот метеоролог на центарот за временска прогноза „Фобос“ .– Метеоролошката зима во Москва ќе се случи во втората половина на ноември, со постепено формирање на стабилна снежна покривка кон крајот на календарската есен – на почетокот на декември. Висината на снегот тогаш ќе биде од три до осум сантиметри, а во првиот зимски месец се очекува снежните врнежи да се зголемат на 10-20 сантиметри –  објасни Тишковец.Стабилна зимаСпоред него, претстојната зима во Москва ќе биде релативно блага, без екстремниот студ што претходно беше карактеристичен за руската престолнина.– Просечната ноќна температура ќе се движи од минус 8 до минус 13 степени, додека дневните температури ќе бидат помеѓу минус 2 и минус 7 степени. Секако, ќе има повремени потопли и постудени периоди, но ќе се формира стабилна снежна покривка со висина на снегот до 30-40 сантиметри –  додаде метеорологот.Зима без изненадувања, но со типични снежни сцениЕкспертите истакнуваат дека се очекува класична московска зима, без екстремни временски аномалии, но со доволно врнежи и стабилни ниски температури што ќе овозможат снегот да трае до крајот на сезоната.

Пронајдете не на следниве мрежи: