Единствениот чекор кој останува пред отворањето на преговорите е усвојувањето на уставните измени. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа „Х“, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.
-Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, пишува Урсула фон дер Лајен на „Х“.
Претходно, владината прес-служба соопшти дека премиерот Мицкоски на средбата истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспективаи вредностите кон кои граѓаните се стремат веќе децении.


