сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ѓорѓиевски најави изградба на нови училишта, зелена енергија и модерни услови со AI лаборатории за учениците во главниот град

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерно, дигитално и еколошко образование во главниот град, најавувајќи низа капитални проекти насочени кон унапредување на училиштата, наставниот процес и условите за учениците и наставниците.„Нема посветла инвестиција од онаа во умот и срцето на едно дете“, истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека образованието е темел на секој напреден град и предуслов за неговиот долгорочен развој.Во соработка со Владата, Ѓорѓиевски најави изградба на две нови средни училишта – едното во Драчево, како нов објект на СУГС „Браќа Миладиновци“, а другото во Ѓорче Петров за СУГС „Кочо Рацин“.Станува збор за модерни, дигитализирани и енергетски ефикасни објекти, опремени според највисоки европски стандарди.Паралелно ќе се спроведе целосна енергетска трансформација на сите средни училишта во Скопје.Секое ќе добие фотоволтаици, термоизолација, нови фасади и паметни системи за следење на потрошувачката на енергија.„Училиштата нема само да учат за екологија, туку ќе живеат во склад со неа“, рече Ѓорѓиевски.Планирана е целосна дигитализација – брз интернет во секоја училница, смарт табли, проектори и дигитални образовни содржини.Ќе се воведе AI личен тутор, дигитален асистент кој ќе им помага на учениците во совладување на материјалот и ќе ги заменува приватните часови.Во повеќе училишта ќе се формираат AI лаборатории со 3D модели и интерактивни симулации.Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција и рестартирање на Планетариумот во МКЦ, кој ќе прерасне во модерен центар за наука и технологија достапен за сите генерации.Ќе се обезбедат пречистувачи на воздух, нови системи за климатизација и греење, видеонадзор и училишни полицајци.Преку програмата „Младински оброк“, секој средношколец ќе добива субвенциониран оброк преку Skopje City GO картичката.Ќе бидат воведени модерни униформи, бесплатни патувања за најдобрите ученици и достапна психолошка поддршка во сите училишта.Во училиштата ќе се создадат младински клубови за уметност, музика, театар и технологија, како и кариерни центри кои ќе им помогнат на учениците во изборот на професионален пат.Ѓорѓиевски најави и формирање на Центар за природни науки, техника и дигитални технологии во соработка со универзитетите и фондациите, каде младите ќе можат да експериментираат и истражуваат.„Ова не е само план за подобри училишта, туку стратегија за подобро општество.Со ваква програма, Скопје ќе стане град каде секое дете има шанса, секој наставник има поддршка, а во секоја училница се создава иднината на градот,“ порача Ѓорѓиевски.

Поврзани вести