Мицкоски и фон дер Лајен: Заедничка посветеност кон европската иднина

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. Разговорите беа фокусирани на европската перспектива на земјата, реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.
Владината прес служба соопшти дека Мицкоски ја нагласил решеноста на Владата да го забрза процесот на евроинтеграција преку конкретни резултати и усогласување со европските стандарди. Тој побара јасна поддршка од ЕУ како потврда на европската ориентација на граѓаните.
Посетата на фон дер Лајен, според Владата, е потврда за отворениот дијалог и заедничката подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста и економскиот развој на земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: