сабота, 28 ноември 2026
Најново

Советот на Европа ќе ги набљудува локалните избори во Северна Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Делегација од 15 члена на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа ќе спроведе мисија за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, кои ќе се одржат на 19 октомври, соопшти прес-службата на Советот на Европа.

Мисијата ќе ја предводи Ирецот Гобнаит Ни Мхуимнеакаин, претставник на ILDG (Независна и либералдемократска група).
На денот на изборите, седум тима ќе бидат распоредени на различни локации низ целата земја, а нивната распределба ќе биде случајна за да се обезбеди објективност во следењето на изборните процедури на гласачките места.
Делегацијата ќе оствари средби со членови на Македонската делегација во Конгресот, како и со претставници на меѓународната заедница и претседателот на Државната изборна комисија.
Мисијата вклучува дискусии со претставници на медиумите и невладините организации, како и брифинзи со кандидати и претставници на политичките партии.
Планирани се и заеднички работни состаноци со основниот тим на ОБСЕ/ОДИХР, кој исто така го следи изборниот процес.
Во понеделник, 20 октомври, во 15:00 часот, во хотелот „Хилтон“ во Скопјe ќе се одржи заедничка прес-конференција на делегацијата на Советот на Европа, ОБСЕ/ОДИХР и Европскиот парламент, каде што ќе бидат презентирани прелиминарните заклучоци од мисијата.
Мисијата на Конгресот на Советот на Европа е дел од напорите на организацијата за промовирање на демократијата и доброто управување на локално ниво.
Северна Македонија е членка на Советот на Европа од 1995 година и редовно им дозволува на меѓународни набљудувачи да спроведуваат избори.

Поврзани вести