сабота, 28 ноември 2026
Најново

Фон дер Лајен во Македонија: Земјата заслужува да оди напред

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова, ја нагласи јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ, за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздрави значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред.Од Кабинетот на Сиљановска – Давкова соопштија дека на средбата претседателката ја реафирмирала посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.Урсула фон дер Лајен пак, разговорот го започнала со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани.Сиљановска – Давкова на средбата кажа дека очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции и изрази спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори.

Поврзани вести