Иако е морална и човечка обврска на секој обвинител, судија, политичар, советник, инспектор и полицаец случајот во Кочани да се заврши брзо и тие деца конечно да ја добијат правдата, по увидот во доказниот материјал и обвиненијата сум убеден дека случајот е конципиран така што ќе трае долго, а луѓето кои се највиновни за оваа трагедија нема да одговараат.
Извинете, луѓе, ама ќе морам уште да ви досаѓам со овој случај – сè додека не се побара вистинска правда.



