Од управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и југозападните делови. Локално се очекува да наврнат и над 20 l/m². Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.



