петок, 27 ноември 2026
Најново

Ha Трамп му прекипе? „Нека Зеленски и Путин прогласат победа, а историјата нека одлучи“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски била „многу интересна и срдечна“.Трамп изјави дека му рекол и на Зеленски, како и пред Владимир Путин , дека „време е да се запре убивањето и да се постигне договор“.„Доста крвопролевање. Треба да престанеме таму каде што се. Нека обете прогласат победа и нека одлучи историјата! Крај на пукањето, крај на смртта, крај на масовни и неодржливи трошоци. Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател“, напиша Трамп.„Илјадници луѓе се убиваат секоја недела – доста, вратете се кај вашите семејства во мир!“, рече американскиот претседател.Трамп по состанокот отиде во Флорида и не се обрати на печатот. Тој отиде во своето приватно одморалиште, каде што ќе го помине викендот.

Поврзани вести