петок, 27 ноември 2026
Најново

Азискиот раст забавува поради трговските конфликти: ММФ предвидува пад од 4,6% на 4,1% до 2026 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес предупреди за „значајни ризици од намалување“ за глобалниот економски раст поради новите тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави.Директорот на Одделот за Азија и Пацификот во ММФ, Кришна Сринивасан, изјави дека евентуалното воведување повисоки тарифи и прекини во синџирите на снабдување би можеле да го намалат глобалниот раст за 0,3 процентни поени, пренесува Блумберг.Кинеско-американските односи неодамна повторно се влошија откако САД ги проширија технолошките ограничувања и предложија воведување царини за кинеските бродови што влегуваат во американските пристаништа.Кина одговори со построги контроли врз извозот на ретки земни метали и други клучни материјали, дополнително зголемувајќи го нивото на неизвесност во меѓународната трговија.Сринивасан нагласи дека последиците од овие потези ќе бидат видливи преку нарушувања во синџирите на снабдување и евентуално зголемување на премиите за ризик, што би можело да ги зголеми и каматните стапки во регионите погодени од трговската неизвесност.ММФ очекува економскиот раст во Азија да забави од 4,6 проценти во 2024 година на 4,5 проценти во 2025 година и на 4,1 процент во 2026 година.Азиската економија во моментов е отпорна благодарение на силниот извоз, технолошкиот бум и поволните макроекономски услови, но Сринивасан нагласи дека трговските тензии остануваат главен извор на нестабилност.

Поврзани вести