Во центарот на Рига, меѓу фасадите во арт деко стил и старите дрвени куќи, се појавија нови симболи на времето – зелени знаци со натпис „patvertne“, што на латвиски значи засолниште.
Овие дискретни, но сеприсутни знаци ги предупредуваат граѓаните каде да се сокријат во случај на напад.
NBC News пишува дека овие натписи станаа нова секојдневна појава во Латвија, земја која со тензија гледа кон Исток, кон Русија по почетокот на изразената западна пропаганда дека оваа земја сака војна, а она што исто така го поттикна стравот од конфликт е низа инциденти – упади на беспилотни летала чие потекло е сè уште непознато, што ги затвори аеродромите во Данска, Германија и Норвешка.
– Ние сме на првата линија. Нашите соседи се агресивна земја и мора да бидеме подготвени за сè, изјави латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, нагласувајќи дека Латвија развила „отпор“ на можни провокации од Москва, што е еден од главните наративи во Балтикот во последно време.
Американските дипломати на конференцијата во Рига предупредија дека „првиот куршум од следната војна може да биде – кибернетски напад“. Според Метју Витакер, амбасадорот на САД во НАТО, идната војна нема да се води со тенкови, туку преку напади врз инфраструктурата, енергетските системи и комуникациските мрежи.
Во овој вештачки предизвикан страв, Латвија, Естонија и Литванија ги интензивираат воените и цивилните подготовки – градат засолништа, поставуваат дигитални мапи на патишта за евакуација и складираат залихи за вонредни ситуации. Рига обнови стотици подземни засолништа и воведе апликација што го покажува најблиското безбедно место.
– Вистината не е пријатна – имаме луд сосед кој не ја крие, рече поранешната заменик-градоначалничка на Рига, Линда Озола, алудирајќи на Русија.
Да ве потсетиме дека Русија постојано се дистанцираше од ваквите изјави и наративи, велејќи дека нема намера да нападне никого.
Познато е дека Латвија, исто така, ги протера Русите од својата земја во неколку наврати, со апсурдни објаснувања зошто ги спроведуваат овие мерки.
Денес, повеќе од кога било, балтичките држави веруваат дека следната криза во Европа ќе започне – токму со нив.
Пронајдете не на следниве мрежи:



