петок, 27 ноември 2026
Најново

Рубио реагираше по потегот на израелскиот парламент: Анексијата на Западниот Брег е закана за мирот во Газа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека потегот на Кнесетот за анексија на Западниот Брег би го загрозил планот на претседателот Доналд Трамп за прекин на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа.„Гласањето помина во Кнесетот, но претседателот јасно стави до знаење дека тоа не е нешто што ние би го поддржале во овој момент“, им рече Рубио на новинарите пред да замине за Израел.Тој додаде дека таков потег претставува закана за мировниот договор.Минатиот месец, Трамп го прекина молчењето за потенцијалната израелска анексија на Западниот Брег, во услови на растечко арапско противење. Трамп рече дека нема да го дозволи тој потег.„Тие се демократија, луѓето ќе ги имаат своите гласови, луѓето ќе ги заземат овие позиции, но во овој момент мислиме… дека тоа би можело да биде контрапродуктивно“, рече Рубио.За потсетување, израелскиот парламент вчера гласаше за давање прелиминарно одобрение на закон со кој се воведува израелски суверенитет над окупираниот Западен Брег, потег што е еднаков на анексирање на палестинска територија.Гласањето, кое се случи еден месец откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира окупираниот Западен Брег, се одржа за време на посетата на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс на Израел за да се зацврсти договорот за прекин на огнот во Газа.

Поврзани вести