петок, 27 ноември 2026
Најново

Меџити: Победата е резултат на напорна работа и посветеност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изет Меџити од ВЛЕН одржа состанок со други кандидати за општините во Скопје, откако победи на трката на 19 октомври.Тој ја прослави својата победа и победата на другите кандидати, изјавувајќи дека постигнатата победа не е случајност, туку резултат на напорна работа.„Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работата, посветеноста и довербата што ја изградивме заедно. Тоа е победа на нашата структура и активисти, на луѓето кои стоеја во секој агол на Чаир, кои ја претворија нашата енергија и визија во вистинска граѓанска победа“, изјави Меџити.Тој додаде „дека секој час работа, секој чекор и секој напор на тимот имал значење, бидејќи оваа победа е изградена врз чисти вредности, со вера и љубов кон Чаир“.Меџити изрази благодарност до своите соработници кои ја овозможија победата на коалицијата ВЛЕН.

Поврзани вести