Поранешниот француски претседател Никола Саркози е цел на смртни закани во затвор – помалку од еден ден откако почна да ја отслужува петгодишната казна затвор за криминално заговор.Видео кое циркулира на интернет, а за кое се чини дека е снимено од затвореник, прикажува вербални закани упатени по пристигнувањето на Саркози во парискиот затвор „Ла Санте“.Според Ројтерс, канцеларијата на парискиот обвинител била известена за видеото вчера, пренесува Телеграф.Тројца затвореници беа испрашувани како дел од истрагата, а два мобилни телефони беа запленети за време на претресот на затворот.Саркози, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, беше затворен во вторник откако беше осуден за заговор за собирање средства за кампањата од Либија.Веста за заканите се појави откако беше објавено дека на поранешниот претседател ќе му бидат доделени двајца постојани полицајци како телохранители, распоредени во блиските ќелии во текот на целиот негов престој во затвор, за да се осигури дека нема да биде повреден.Овој потег предизвика поплаки од синдикатите. Уго Витри, чувар во „Ла Санте“ и раководител на локалниот огранок на синдикатот „Форс Овриере“, рече дека не биле информирани за безбедносните детали на Саркози.„Контактиравме со затворската администрација и Министерството за правда за да побараме објаснувања“, додаде тој.Сепак, францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави за радио „Европа 1“ дека Саркози има право на заштита „поради неговиот статус“.„Несомнено постои закана против него и оваа заштита се одржува додека е во притвор“, додаде тој.Адвокатите на Саркози поднесоа барање за предвремено ослободување, во исчекување на неговото жалбено судење, и рекоа дека очекуваат ова барање да биде разгледано во рок од околу еден месец.Тие рекоа дека се надеваат дека ќе го ослободат условно до Божиќ.Саркози постојано негираше дека сторил нешто лошо и го нарече случајот политички мотивиран.
Пронајдете не на следниве мрежи:



