петок, 27 ноември 2026
Најново

Ѓорѓиевски најави „генералка“ во Скопје: За 72 часа градот ќе биде исчистен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО‑ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе ја мобилизира целата градска механизација и јавни претпријатија за голема акција за чистење, која треба да се реализира во првите 72 часа по преземањето на функцијата.Според него, состојбата во Скопје е „најлоша досега“, но со добра организација и координација може брзо да се поправи. Како дел од планот, сите општини, фирми и институции ќе се вклучат во акцијата.Ѓорѓиевски истакна дека во претходниот период не се одржал ниту еден куминативен состанок меѓу Градот и општините, што го оцени како неприфатливо. „Ќе ги повикам сите општини, фирми и јавни претпријатија да се приклучат – заедно ќе го исчистиме Скопје,“ рече тој.

Поврзани вести